Без победник 1-1 заврши „еден-два“ пресметката на Олимпико меѓу Рома и Јувентус во 25-та рунда во Серија А.


Ремито не оди во прилог на „волчицата“, сепак, домаќините мораат да бидат задоволни бидејќи до бод стигнаа со фудбалер помалку.

Аргентинскиот репрезентативец Карлос Тевез со маестрален погодок од слободен удар го отвори резултатот, а на тоа претходеше стартот на Торосодис, по кој фудбалерот на Рома заработи втор жолт автоматски црвен.


Со фудбалер помалку домаќинот покажа повеќе отколку со изедначени сили на теренот. После нафрлувањето на Флорензи, Кеита со глава ја погоди мрежата на Џиџи Буфон и донесе реми.


„Старата дама“ со ремито отиде чекор поблиску до титулата во „Калчо лигата“ додека Рома шансата ќе ја чека на преостанатите натпревари.

Мх.П.