25 јануари пријателите и фановите засекогаш ќе ги потсетува на големата поп икона Тоше Проевски, кој е роден на денешен ден. 

Со својот исклучително добар глас Тоше стана голема балканска музичка ѕвезда. Неговата популарност се прошири со огромна брзина и во времето кога требаше светот да чуе за него, неговиот млад живот згасна во кобното утро на 16 октомври 2007 година во тешка сообраќајна несреќа што се случи кај Нова Градишка – Хрватска.

Да беше жив Тоше денес ќе го славеше 33-от роденден.

OhridNews