Ноќеска 40-годишен жител на Струга пријавил предизвикување на општа опасност извршена од страна на непознат сторител.
Имено, околу 01:40 часот сторителот предизвикал пожар со фрлање на запалива течност пред вратата на домот на стружанецот, при што пожарот се проширил и во внатрешниот дел. Од страна на присутните во домот пожарот бил изгаснат при што мајката на оштетениот, се здобила со изгореници на десната нога.
Увид на лице место извршила екипа од Полициската станица од Струга и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
OhridNews