Екипа од СВР- Охрид извршила увид на лице место. Утврдено било дека непознатиот сторител, со употреба на чекан, насилно ја искршил влезната врата и стаклата од двата прозори од влезот на куќата, а потоа ги искршил и предното ветробранско стакло и две странични стакла од патничкотото моторно возило марка „Југо“ со охридски таблички, сопственост на пријавителот. Притоа чеканот е пронајден во внатрешноста на куќата, истиот е подигнат за понатамошно вештачење. Пред влезот на куќата пронајдени биле и две пластични шишиња со непозната материја и капки од крв.
Фамилијата во чија куќа се случил настанот, побарала заштита од полицијата. СВР-Охрид превзема мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.