Во струшката Полициска станица Струга, на 14-ти јули, од страна на државјанин на Австрија, било пријавено дека во текот на летните месеци од 2016 година до 13-ти јули годинава, на улицата „Партизанска“ во Струга, била обиена подрумска просторија во негова сопственост.

Грабежот го извршил непознат сторител со употреба на тврд предмет, кој по влегувањето одзел велосипед, два телефони, мини шпорет и поголема количина разновиден алат и други предмети, во вредност од околу 300.000 денари.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот и расчистување на случајот.

OhridNews