На магистралниот пат Гостивар-Тетово, вчера, околу 20.25 часот, непознато возило со непознати регистарски ознаки, управувано од непознат возач, удрило во 78-годишен пешак од гостиварското село Горна Бањица, информираат од МВР.
Од здобиените повреди пешакот починал на местото на настанот. Смрт констатирал лекар од итна медицинска помош. Увид извршила увидна екипа на СВР Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.