На ден 11.06.2008 година, околу 21 часот и 30 минути, засега непознат сторител активирал експлозивна направа во близина на расадникот на улицата ,,Ристо Чадо,, во Охрид.
На лице место, веднаш излегле екипи на СВР Охрид кои извршиле криминалистичко-технички увид. Полицијата на местото на експлозијата пронашла парчиња од спорогоречки фитил со нагорени парчиња од изолација и конопна структура на спорогоречки фитил.
Пронајдениот материјал е испратен на вештачење во МВР со цел идентификација на видот на експлозивната направа.
СВР Охрид, презема оперативни мерки за расветлување на настанот и пронаоѓање на сторителот на овој чин.












