На ден 11.06.2008 година, околу 21 часот и 30 минути, засега непознат  сторител  активирал експлозивна направа во близина на расадникот на улицата ,,Ристо Чадо,, во Охрид.

На лице место, веднаш излегле екипи на СВР Охрид кои извршиле криминалистичко-технички увид. Полицијата на местото на експлозијата пронашла парчиња од спорогоречки  фитил со  нагорени парчиња од изолација и конопна структура на спорогоречки фитил.

Пронајдениот материјал е  испратен на вештачење во МВР со цел идентификација на видот на експлозивната направа.

СВР Охрид, презема оперативни  мерки за   расветлување на  настанот  и пронаоѓање на сторителот на овој чин.

извор: СВР Охрид