Според полицијата талпите, кои се со должина од 3,5 и ширина од 25 сантиметри биле отстранети во временскиот период пред 7 часот утрината. Вандалите од засега непознати причини, откако ги извадиле талпите ги фрлиле во коритото на реката, а дел од нив ги заковале со шајки.
Работници од ХЕ„Глобочица“ во моментов вршат враќање односно поставување на извадените талпи, така што не постои опасност за повторна поплава.
Од Полициската станица во Струга инфомираат дека ги превземаат сите мерки за расчистување на случајот.