Непознато лице на возраст од околу 20 години, вчера околу 13.40 часот поставило знаме на Република Албанија на метален столб кај Самуиловите тврдини. Случајот го забележал продавачот на билети на Самуиловите тврдини, кој го пријавил настанот, а потоа и го симнал знамето од јарболот.
Непознатото лице откако видело дека било забележано побегнало во правец на археолошкиот локалитет Плаошник.
Полицијата работи на расветлување на случајот.