Непробојниот тандем пред голот подготвен за грците
04.06.14 10:11
Македонските репрезентативци пред двомечот со Грција во баражот за Светското првенство во Катар следната година, најавуваат атак на победа од првата минута. Но, во денешениот модерен ракомет одбраната е таа што носи плод на вакви елиминациски натпревари.
– Одбраната е таа што ја диктира играта и резултатот на вакви натпревари. И ние ама и тие имаат мотиви, а тоа е да се биде дел од светскиот ракометен крем. Затоа ние треба да одиграме беспрекорно во одбраната, а непогрешливо и смирено во нападот. Добрите резултати во клубовите ветуваат многу, но тоа никако не смее да не залаже и да влеземе опуштени во двомечот со грците – рече Ацо Јоноски, бедемот пред македонскиот гол.
Јоноски заедно со неговиот соиграч од Металург, Велко Маркоски ќе го имаат главниот збор во одбраната. Тие сезонава успеаја да ги задржат ѕвездите на Барселона и ПСЖ и во очај да ги фрлат ракометарите на Колдинг во осминафиналниот двомеч од Лигата на Шампиони.
– Знаме како треба ,добро се познаваме со „Јоно“ и мислам дека ќе одиграме на едно високо ниво во Атина, а потоа и во Скопје. Добро ни дојде малку одморот во Охрид искомбиниран со репрезентативните подготовки по напорните сезони во клубовите. Атмосферата во репрезентацијата е одлична, сите очекуваме резултат со кој ќе го продолжиме учеството на големи натпревари – додаде Маркоски.
Откако беше поштеден првите неколку дена Јоноски во полн ек тренира со останатите репрезентативци.
Ракометарите на Охрид во сабота го играат првиот натпревар од 1/8 финалето со Дукла Прага од ЕХФ Европскиот куп Возбудени го очекуваме претстојниот европски натпревар Тренираме напорно и сме целосн...
Ракометарите на Охрид забележаа победа на гостувањето во Куманово Во натпревар од 20 коло што се одигра вечерва во салата „Перо Наков“, Куманово – Охрид 14:30, полувреме 5:15 Охрид го диктира...
Во рамки на 20-то коло од ракометната Супер лига ГРК Охрид денес гостува кај екипата на МРК Куманово Ракометарите на Охрид се надеваат дека ќе ја продолжат серијата на позитивни резултати Натпрева...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.