Министерството за труд и социјална политика, соопшти дека согласно Законот за празниците на РМ, утре, четврток, поради празникот Свети Сава, е неработен ден за граѓаните, припадници на српската заедница во Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните припадници на српската заедница, им го честита празникот.












