Да се зголеми свесноста кај граѓаните за рационална употреба на антибиотици и кај здравствените работници кои е неопходно да ги почитуваат националните протоколи и упатства за нивна употреба. Антибиотиците да се даваат со препишување рецепт, се категорични од министерството за здравство.
 
Неконтролираната и нерационалната употреба на антибиотици е штетна по здравјето на сите граѓани. Во подготовка е националната стратегија за рационална употреба на антибиотици која набрзо ќе се најде и на седница на Влада и ќе треба да се усвои, вели министерот за здравство Бујар Османи.

Неопходно е да се почитува препораката според која, аптеките не смеат да издадат антибиотик без рецепт.

Кога минатата година ја дадовме наредбата за неиздавање антибиотици без рецепт драстично е опаднато давањето антибиотици. Се разбира дека тоа сто отсто не се почитува, но ние континурирано правиме инспекциски надзори и контрола и ќе бидат санкционирани сите кои ќе издаваат антибиотици без рецепт, додава Османи.

Колку е поголема употребата на антибиотиците толку е поголема резистенцијата. Не секогаш е потребно да се применува антибиотик, а тогаш кога треба да се применува тоа треба да биде по препорака на лекар кој ја следи состојбата, велат од надлежното министерство.

OhridNews