При редовна полициска контрола на патниот сообраќај во периодот од 15 до 21 септември, во Охрид биле затекнати 11 возила со необновена сообраќајна дозвола, 31 нерегистрирано возило, а 4 возила биле технички неисправни.
Против сопствениците на возилата ќе бидат преземени соодветни санкции, соопшти МВР, најавувајќи дека сообраќајните контроли редовно ќе се спроведуваат и во иднина.












