Во разговорите беше оценето дека Охрид и Несебар , како градови заштитени од УНЕСКО , во иднина ќе ја продлабочат досегашната соработка , не само во областа на заштитата на културно- историското богатство , туку и во секторот на туризмот.
За унапредување на соработката, како што беше речено на средбата, ќе мора да се решат инфраструктурните проблеми , како што се изградба на автопати и директни авионски линии од Охрид до Бургас и обратно. Тоа ќе овозможи, туристичките работници да креираат комбинирани аранжмани со престој во двата града заштитени од УНЕСКО.