По повод 29-ти април, Светскиот ден на танцот, Младинскиот културно образовен центар „Соната“ од Охрид на градскиот плоштад ќе организира настан со кој ќе го одбележи овој ден. Настанот е закажан во 13 часот, кога за прв пат во Охрид ќе се организира Dance Battle.
dance Battle е натпревар помеѓу два танчери или два тима танчери кои танцуваат три рунди на музика која од напред не им е позната, а на која на лице место треба да создадат кореографија. Учество ќе земат членовите на Студиото за танц кое работи во рамките на МКОЦ „Соната“, а кои веќе се имаат докажано на бројни меѓународни натпревари, но и сите оние кои сакаат да се приклучат на еден ваков начин на забава и демонстрација на танцовите вештини.
Настанот дополнително ќе има хуманитарен карактер. На градскиот плоштад ќе бидат поставени кутии на Црвен крст Охрид наменети за собирање средства за помош за малата Мила, на која и е нужна итна операција во Кина.
Настанот има ревијален, а не натпреварувачки карактер. Сите оние кои сакаат да аплицираат за Данце Баттле, можат да аплицираат на www.mkoc-sonata.org најдоцна 1 час пред почетокот на настанот.
OhridNews












