Ентони Фергусон од Билгс, Монтана, кој ја претепал својата девојка, притоа кршејќи и го носот, не само што ќе мора следните шест месеци да ги мине во затвор, туку и ќе мора 5000 пати да ја напише реченицата „момчињата не тепаат девојки“. Според локалните медиуми, момчето било добро познато на полицијата, а од својата тринаесетта година бил редовен посетител на затворот.
Судијата, кој последно во 2003 година го испратил за затворска казна од осум години поради вооружен грабеж, ми рекол дека се гледаат со години, уште од неговото именување за судија. Гледајќи како се подлабоко тоне во криминалот, судијата помислил дека можеби пишувањето ќе му помогне да свати дека мора од корен да го промени своето однесување. Ентони својата задача мора да ја заврши од 23 мај. Што се однесува пак до претепаната девојка, момчето ќе мора да и плати 3800 долари за болничките трошоци.