Утревечер, со почеток во 21 часот, во дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ ќе биде оддржана несекојдневна модна ревија , на која ќе бидат претставени модели изработени од хартија.


Фустаните од хартија се изработени од страна на ученички од охридската гимназија, предводени од професорката Катерина Слатиноска.


Ревијата на фустани од хартија годинава се оддржува по втор пат и тенденција е да се оддржува и во текот на наредните години. 

OhridNews