Во основното училиште “Братство Единство” по повод Меѓународниот ден на жената се организира модна ревија, на која учениците од паралелките на македонски наставен јазик, презентираа рачно изработени чанти, шапки и фустани од пластичи кеси.


– На часот по Вештини на живеење, во рамките на темата поврзана со облеката и модните трендови, заедно со учениците дојдовме до идеја да ги претставиме нашите изработки преку една несекојдневна модна ревија. Целта беше да се поттикне креативноста кај учениците и да се покаже дека  со едноставни материјали, како што се обични пластични кеси може да се изработат  интересни и корисни модни додатоци – вели наставничката Елизабета Здравеска.


Програмата беше збогатена со настапот на неколку групи ученици кои ги покажаа своите танцувачки способности.

OhridNews