Португалецот со бразилски корени, Деко на неславен начин ја заврши блескавата фудбалска кариера. Допинг тестот направен пред неколку месеци бил позитивен, а казната од еден месец му била зголемена на една година по која објави дека се повлекува и неславно се збогува од фудбалот.

Тој со екипите на Порто 2003 и Барселона 2006 година стигнуваше до титулата во Лигата на Шампиони, а во финалето 2003 беше прогласен за играч на мечот и успеа да постигне погодок.

Португалецот во својата кариера беше првак во четири земји и тоа Португалија, Шпанија, Англија и Бразил. За репрезентацијата на Португалија, Деко настапи 75 пати постигнувајќи пет погодоци.

Мх.П.