Фудбалската кариера на Френк Рибери е доведена под знак прашалник, откако францускиот интернационалец потешко се повреди на дуелот со Херта во седмата рунда од Бундес лигата.

34-годишниот фудбалер ги скина лигаментите на коленото и го очекува пауаз од 6 до 8 осум месеци од зелените терени. Со оглед на годините кои ги има Рибери, некои му предвидуваат крај на кариерата.

Таков неславен крај сигурно не заслужи Рибери, кој животот му го посвети на фудбалот. Рибери дресот на Баерн Минхен го носи точно десет години, а претходно настапуваше за Олимпик Марсеј, Мец и Брест.

OhridNews