Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити со пораз од Лион (2-1) и неславен рекорд ги започна натпреварите во новата сезона од најеминетното клупско натпреварување во Европа, Лигата на Шампиони.

Поразот од французите е четврти во серија за „граѓаните“ и никој англиски клуб претходно немал ваков негативен учинок во ЛШ. Серијата порази на шампионот од Англија започна минатата сезона во реваншот од 1/8 финалето губејќи од Базел, потоа два пати во 1/4 финалето од Ливерпул и сезонава од Лион.

„Граѓаните“ пред почетокот на фазата по групи важеше за најголем фаворит за титулата, но првата рунда не даде таков епилог. Рано е да се донесуваат заклучоци, но Ливерпул, Јувентус, Реал Мадрид и Барселона пружија најмногу во премиерното коло.

OhridNews