Од ЈП „Охридкси комуналец“ информираат дека нивните екипи при извршувањето на редовните активности секојдневно се соочуваат со случаи на несоодветно депонирање на зелен и кабаст отпад.

И покрај дефинираниот работен календар за 2014 год. со кои се предвидени акции за подигање кабаст и зелен отпад по сите урбани заедници во пролетниот и есенскиот период, несовесни граѓани секојдневно депонираат зелен и кабаст отпад на јавни површини, велат од јавното претпријатие.

Оттаму апелираат граѓаните да се придржуваат до календарот на одржување акции за подигање кабаст и зелен отпад, како и динамиката на подигнување на комуналниот отпад, се со цел почист и поуреден град.

OhridNews