Жителите од улицата „Партизанска“ спроти црквата „Св. Никола“ се жалат дека во близина на станбениот комплекс веќе подолг временски период е оставена поголема количина на градежен шут.

Ваквите случаи на оставање градежен шут на различни локации во градот и околината е честа слика, а поединци и понатаму го одлагаат каде ќе стигнат или пак на најблиската локација, не грижејќи се дека со тоа ја загадуваат околината, а истовремено и се создава непријатна слика за минувачите.

O.T.