По двата порази и мошне слабата игра охридските кошаркари на гостувањето во Скопје одиграа одлична, која за малку ќе беше зокружена со триумф.
Во последната минута од мечот охриѓани стартуваа со негатива од еден поен 62-61 и напад, кој го реализираа за предност 63-62. Во одбрана избраниците на Весна Балазоска направија фаул, а од слободните фрлања домаќините погодија само едно за 63-63.
Охриѓани во последниот напад испуштија можност за победа откако Роберт Димитриевски ги промаши двете слободни фрлања.
Кошаркарите на Ангели умешно го искористија тоа, организираа брз напад, а “белите“ на нецела секунда до крај направија фаул и две слободни фрлања.
Домаќините првото го реализираа, а второто го промашија и истече времето на семафорот што значеше победа од еден поен разлика.
Во наредната 13-та рунда кошаркарите на Лихнидос на домашен терен го пречекуваат тимот на Тетекс ТТК.