Во текот на целиот натпревар охридските бели со мудра игра го чуваа својот гол. Фудбалерот за врска Степановиќ во првиот дел ја имаше најзрелата шанса за Вардар откако изби сам во казнетиот простор но последнит фудбалер во охридскиот бедем Лескароски расчити во корнер.
Сликата не се промени во вториот дел охриѓани со пожртвувана игра успеваа да го здржат лидерот. Концетрацијата падна во последните моменти од мечот кога по нафрлената топка во казнетиот простор најдобро се снајде “џокерот“ Вељаноски и ја смести топката во мрежата на Костуранов.
Тренерот на “рибарите“ незадоволен од арбитражата на судиската тројка на натпреварот ја повлече екипата. По неколку минутно натегање охриѓани се вратија на теренот но не продолжија да играат додека тие стоеа Оса ја затресе по втор пат празната мрежа на Охрид и го запечати триумфот.
Во наредната 17-та рунда Охрид 04 на домашен терен ја пречекува Шкендија додека “црвено црните“ гостуваат кај петто пласираниот Силекс.