Во рамки на активностите за одбележување на Светскиот ден за прва помош, екипи за прва помош на Црвен крст Охрид денс и утре, ќе посетуваат семејства во повеќе делови од градот Охрид, но и во руралните средини каде ќе презентираат основни знаења, техники и вештини за укажување на прва помош при најчести повреди кои можат да се случат во домот. На 11 септември, заедно со волонтерите од Програмата за грижа за стари лица ќе ги посетат домовите на стари лица кои живеат сами со цел да им посочат на некои опасности и несреќи кои можат да се случат во домот и да им пренесат знаења и техники за укажување на прва помош и самопомош, соодветни на нивната возраст.
Централниот настан на одбележување на Светскиот ден за прва помош ќе се реализира денес, на градскиот плоштад Св.Климент Охридски каде од 12 часот се предвидени јавни едукативни презентации на најнови знаења и техники за укажување прва помош од страна на инструктори по прва помош и екипите на парамедици на Црвен крст Охрид, со симулации на повреди и несреќи кои можат да настанат во домовите.
Во рамки на оваа манифестација тренерите и инструкторите на Бреинобреин и програмата Детскиот час за приказни на англиски јазик, пред заинтересираните родители и деца ќе ги презентираат програмите и придобивките од нив, а ќе вршат и уписи на нови деца. Домовите често се перцепираат како сигурни места, но за жал тие се местата каде што се слушуваат 80% од несреќите. Во Европа само, преку 300 милиони лица страдаат од несреќи во домот секоја година, од кои повеќе од 7000 се фатални.
Несреќите во домот се најчесто превентибилни и се резултат на недостаток на свесност за ризик факторите, непочитување на правилата и стандардите за безбедност, или од опасни апарати или хемиски супстанции. Промоцијата на култура на безбедност и превенција може да ги редуцира многуте повреди и несреќи во домот.
OhridNews











