Во 65-та минута помошникот на главниот арбитар Тони Митревски, Чагоровски покажа тотално непознавање на фудбалските правила. Голманот на гостите Кебакоски во таа минута го одбрани ударот од белата точка на Бакулески, одбиената топка стигна до Мерко Меритон и го постигна првиот погодок за охриѓани.
Тогаш Чагоровски му сигнализираше офсајд на главниот арбитар !? Според сите правила на фудбалот од пенал, може се да има само офсајд не. После краток разговор на главниот судија Митревски, четвртиот Врангалов и “несреќниот“ Чагоровски погодокот беше признат.
Ако помошникот при изведување на пеналот сигнализира, може само да се повтори пеналот, а никако не може фудбалерот кој втрчува да биде во офсајд, но со Чагоровски се е можно.