Екипата на Удинезе забележа голем триумф во „калчо“ лигата победувајќи го Јувентус со пресврт 2-1 (0-1) на „Фриули“ стадионот. Удинезе со победата извојувана со два голови во второто полувреме ја одложи шампионската промоција на Јувентус на кој му е потребен една победа во последните три рунди.

„Старата дама“ поведе со голот на Матијас де Лихт кој резултатот го отвори во финишот од првото полувреме. Домаќините после само пет минути игра во вториот дел изедначија на 1-1. Стрелец на голот беше македонскиот репрезентативец Илија Несторовски. Одлуката за победникот падна во судиското продолжение. Фофана имаше одличен соло продор и на крајот успеа да го валоризира со погодок.

Со трите бодови Удинезе речиси и теоретски го обезбеди опстанокот во Серија А додека Јувентус нова меч топка ќе има на домашен терен против Сампдорија.

OhridNews