Македонската фудбалска репрезентација наредниот предизвик во Мундијалските квалификации ќе го има против Светскиот првак од 2010 година , репрезентацијата на Шпанија. Еден од фудбалерите од кого се очекуваат голови е центарфорот на Палермо, Илија Несторовски кој сезонава игра во одлична форма. Тој постигна 6 гола во дресот на италијанскиот калчолигаш, а беше прецизен и во поразот од Италија во Скопје. Нестороски за официјалната веб страна на ФФМ “информираше“ за атмосферата во националниот тим.
-Атмосферата во тимот е одлична, сите размислуваме позитивно и со нетрпение чекаме да играме. На сите ни е јасно е дека мораме да бидеме на највисоко ниво, а на натпреварот ќе видиме колку сме подготвени и како сето тоа ќе изгледа. Ќе се обидеме да презентираме игра како на претходните натпревари, тешко е против Шпанија да играш пресинг или да напаѓаш како што тоа го правевме на дуелите со Израел и Италија, но мораме да истраеме и да се обидеме да продолжиме на тој начин, вели Несторовски.
И покрај серијата несреќни резултати на мечевите со Албанија, Израел и Италија, прилепчанецот потврди дека нема предавање.
-Се чувствувам одлично, живееме за вакви прилики, имаме чест да го браниме македонскиот дрес и мораме да се докажеме. Мислам дека сме на вистински пат, иако ги загубивме првите натпревари. Фудбалот нас нѐ казни против Албанија, Израел и Италија, но повторно ќе бидеме добри, ќе дадеме сѐ од себе, изјави напаѓачот на италијански Палермо, Илија Несторовски.
Ангеловски: Ме радува формата и здраствениот билтен на репрезентативците
фото ФФМ