Екипата на Удинезе, на гостувањето на Олимпико победувајќи ја Рома со 2-0 освои многу важни три бодови во битката за опстанок во Серија А. Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски со гол во 78-та минута ја запечати победата а погодок му го посвети на Роландо, кој паузира поради повреда.

Победивме и тоа е најважно. Победата е заслужена. На претходните натпревари со Торино и Аталанта, игравме вака добро но недостасуваше позитивен резултат. Сега сме сите среќни и веруваме дека вакви победи ќе дојдат повеќе. Погодокот и победата му ги посветувам на Роландо. Тој иако повреден дојде да не бодри во Рим. Секоја чест за него. – изјави Несторовски.

Удинезе се одлепи шест бодови од Лече кој се наоѓа на 18-та позиција и која води ранг подолу, односно Серија Б. До крајот во „калчото“ има уште девет рунди.

OhridNews