Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски ќе добие нов тренер во Удинезе, откако досегашниот Игор Тудор доби карта во еден правец од клупската управа.

Поранешниот фудбалер на „коцкастите“ немаше лош почеток на сезоната на клупата од Удинезе но екипата не ја задржа формата и бележеше пад на табелата во Калчо лигата. „Бјанконерите“ моментално се наоѓаат на 14-та позиција со три бодови повеќе од тимот на Бреша кој се наоѓа во опасната зона за испаѓање.

За најсериозен кандидат за презамање на палката во Удинезе е Џенаро Гатузо. Легендата во италијанскиот фудбал е без ангажман после спогодбеното раскинување на договорот со Милан.

OhridNews