Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски ја влоши повредата на десниот зглоб, откако недоволно заздравен настапи за Палермо во дуелот со Торино кој неговиот тим го загуби 3-1.
Голгетерот од сицијалијанскиот состав како што пренесуваат италијанските медиуми ќе го пропушти натпреварот со Рома следниот викенд, а постои опасност да паузира подолго време што не е добра вест за А репрезентација.
Селекцијата на Македонија на 24 март во рамките од квалификациите за пласман на Мундијалот во Русија гостува во Лихтештајн и без услугите на Несторовски ќе биде потешко од очекуваното.
„Несто-гол“ сезонава во Серија А има блескави изданија и со 10 голови е најефикасен во својот тим. Тој е единствена светла точка на сицијалинците сезонава кои се соочуват со испаѓање, односно преселување во Серија Б.
OhridNews