Екипата на Палермо претрпе нов пораз во Серија А, откако изгуби од Каљари (2-1) во последниот меч од 11-та рунда во шампионатот.


Формата на екипата не кореспондира со формата на македонскиот репрезентативец Илија Несторовски кој беше стрелец на почесниот погодок вкупно петти сезонава.


Претходно, Даниеле Десена во два наврати ја погоди мрежата на гостите за водство 2-0, што на крајот се покажа и доволно за победа.


Во пресрет на дуелот меѓу Каљари и Палермо се одигра мечот меѓу Удинезе и Торино кој заврши без победник 2-2.

OhridNews