Пјатим Касами, кој е роден во Македонија, а одбра да настапува за селекцијата на Швајцарија постигна фантастичен погодок за Фулам во триумфот над Кристал Палас 4-1 во последниот натпревар од 8-та рунда во Премиер лигата.
Покрај несудениот Македонец голови за фудбалерите од „Кревен Котиџ“ постигнаа Сидвел, Бербатов и Сендерос додека почесниот погодок за домаќините беше дело на Маријапапа.
По оваа победа „белите“ со десет бодови се искачија на 13-та позиција, а Кристал Палас е на претпоследната позиција со три бодови.
Мх.П.