Популарната интернет ТВ мрежа Нетфликс денеска соопшти дека ќе биде достапна во 130 нови земји, меѓу кои и Македонија, јавува „Макфакс“.

„Сведоци сме на раѓањето на нова глобална телевизиска мрежа. Корисниците од целиот свет, од Сингапур до Санкт Петерсбург, од Сан Франциско до Сао Паоло, ќе можат да уживаат во ТВ серии и филмови истовремено, без никакво чекање“, изјави во средата во Лас Вегас извршниот директор на компанијата Рид Хејстингс.

Годинава компанијата има во план да пушти 31 нова серија, над 20 оригинални филмови и документарци, како и голем број на стенд-ап комедии, кои ќе бидат достапни во секое време, насекаде низ светот. Нетфликс ќе биде достапен од секој уред поврзан на интернет, а мрежата на почетокот нуди бесплатен пробен период во времетраење од еден месец за сите оние кои за првпат ќе ја користат.

OhridNews
,извор:„Макфакс“