Иконата на Рома, Франчестко Тоти со погодокот на мечот со Џенова стигна до 217 во Серија А. “Волчицата“ со пресврт од негатива 2-0 успеа да ја запише четвртата победа сезонава.


Неуморниот капитен Тоти со 217 голови се наоѓа на третата позиција на вечната листа. Најдобар стрелец во “калчо лигата“ е Силвио Пиола со 274 голови додека пред Тоти на втората позиција е швеѓанецот Гунар Нордал со 225 погодоци.

Мх.П.