Пешачката уличка која ги поврзува булеварот „Туристичка“ и улицата „Даме Груев“ и која се наоѓа во непосредна близина на старото кино долги години стои неуредена. Жителите кои живеат во овој дел на градот и секојдневно минуваат по овој премин се жалат дека истиот им претставува проблем кога времето е врнежливо.
-Во 21 век оваа уличка е без улично осветлување, без атмосферска канализација, а во дождливо време е целата во кал бидејќи не е асфалтирана. Неколку пати имаме доставено барање до општината, но досега не е ништо направено, велат жителите кои испратија допис до нашата редакција.
Тие бараат од надлежните да вложат напори и во најскоро време да го решат овој проблем.
OhridNews