Иако не успеа во првиот тренерски ангажман во Монако, Тиери Анри не сака да се откаже и поради тоа ја прифати понудата од тимот на Монтреал од Канада. Анри на клупата од Монако забележа две победи во 20 натпревари и отказот беше неизбежен.

Многу важно дали ќе станеш после неуспехот. Најмногу се учи од тешките ситуации. Важно е што се враќам во фудбалот. Една грешка што може да ја направиме а не смееме да не научиме ништо од грешката. Среќен сум што клубот ми подаде рака и ќе дадам се од себе да ја оправдам довербата. – изјави Анри.

Монтреал со Анри на клупата ќе атакува на пласман во плејофот откако минатата сезона клубот извиса од трката. После завршувањето на сезоната клубот се раздели од тренерот Вилмер Кабрер.

OhridNews