Македонската фудбалска репрезентација на Македонија ремизираше 1-1 против Малта на последниот тест пред стартот на квалификациите за континеталниот собир во Полска и Украина во 2012 година.


Натпреварот кој требаше да биде подгревање на атмосферата и создавање на победнички менталитет, заврши со фрустрирачки 1-1.

Македонија со голот на Тричкоски во 38 минута се стекна со предност, минималното водство се стопи на стартот на вториот дел кога Мифсуд ја затресе нашата мрежа. До крајот на мечот црвено – жолтите не успеаа да го скршат опторот на домаќините.

Македонија во првиот натпревар од квалификациите за ЕП 2012 го игра на 3 септември против Словачка на гости.

М.П.