Двете млади девојчиња од Италија, Карола и Виторија, кои во текот на карантинот поради пандемијата на коронавирусот играа тенис на покрив од нивните домови беа неверојатно изненадени од најтрофејниот тенисер во историјата, Рожер Федерер.

Швајцарецот се појави додека Карола и Виторија разговараа како стартувале да се занимаваат со тенисот и зошто токму Федерер е тенисерот кој најмногу им се допаѓа. Двете девојчиња останаа без зборови и воодушевени од средбата со идолот. Федерер одигра краток тениски натпревар со двете девојчиња, а приказната може да продолжи бидејќи Карола и Виторија добија покани за учество на тенискиот камп од 20-кратниот шампион на Грен слем турнирите.

Видеото од изненадувањето на Федерер беше објавено на 1 август и до сега е прегледано над 2.4 милиони пати.

OhridNews