Приказна од рубриката „верувале или не“, доаѓа од втората фудбалска лига по ранг во Германија. Имено, фудбалерот на Сандхаусен Денис Дикемајер го постигна својот прв гол во професионалната кариера која трае 11 години.

Да биде радоста поголема за Дикемајер се погрижи целата екипа на Сандхаусен, која го задржа минималното водство и извојува победа против Вехен. На дебитанскиот погодок на Дикемајер се израдува и неговата фамилија, која се огласи на социјалните мрежи.

Дикемајер во минатото го носел дресот на бундеслигашите Хамбургер и Хановер во кои собрал над 100 настапи.

OhridNews