Младиот голман на Ростов, Денис Попов ги воодушеви љубителите на фудбалот со брилијатната претстава во дуелот со Сочи иако неговиот тим изгуби со 10-1.

Ростов на дуелот со Сочи отпатувал со фудбалери од младинскиот погон откако Руската фудбалска федерација одбила да го одложи натпреварот. Ростов не сакал да избегне дисциплинска постапка и играл со фудбалери до 18 години. Поразот бил неизбежен, но голманот Попов бил светла точка во високиот пораз. Попов имал 15 директни одбрани во текот натпреварот што претставува нов рекорд во руската фудбалска лига.

OhridNews