Дидие Дрогба кој пред пет дена му се приклучи на својот нов клуб, кинескиот Шангај Шенхуа, најдоцна до утре би можел да стане член на Барселона.

Информацијата ја објави каталонската телевизија „ТВ3“, која тврди дека напаѓачот на Брегот на Слонова коска, во вторник ќе допатува во Барселона на преговори со претседателот на клубот Сандро Росел.

Според истиот извор, 34-годишниот Дрогба, во договорот со Шангај имал клаузула дека веднаш може да ја раскине соработката доколку за него интерес покаже Барселона.

“макфкас“
Ohridnews