Судијата со знакот на ФИФА, Фелиск Брих направи неверојатен пропуст на мечот Хофенхајм – Баерн Леверкузен откако призна „фантомски“ погодок. По ударот со глава на Кислинг, прво топката ја затресе надворешната мрежа, а потоа низ пукнатините од страните таа заврши во внатрешиот дел од голот, а Брих без мислење покажа на центарот. Погодок на крајот се покажа како победнички за „фармацевтите“, а ни самиот Кислинг не знаеше дека постигнал гол.
Мх.П.