„Кралскиот клуб“ подготвува неверојатна мега понуда за услугите на велшкиот репрезентативец Герет Бејл.


Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез подготвен е да ги испрати Фабио Коентрао и Гонзало Игуаин на „Вајт Харт Лејн“ и да доплати 60 милиони евра за потписот на Бејл.

Но, целото внимание навивачите на Реал Мадрид го имаат фокусирано кон Кристијано Роналдо, кој деновиве треба да се сретне со челниците на Манчестер Јунајтед околу евентуално враќање на „Олд Трафорд“.

Што ќе испадне од двете сапуници „Роналдо“  и „Бејл“ останува да видиме, но Перез сериозно е решен да го возврати ударот на Барселона која во своите редови го доведе Нејмар.

Мх.П.