Извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке, изјави дека неговиот клуб примил 450.000 барања за влезни билети, за натпреварот против Баерн, кој во Бундес лигата ќе се одигра во среда.


„Примивме 450.000 барања за влезници за натпреварот со Баерн, но можете да бидете сигурни дека многу луѓе воопшто не сакаа да се обидат да побараат влезница, бидејќи знаат дека е невозможно да се најде билет за натпреварот“, рече Вацке за германската телевизија Скај.

Екипата од Дортмунд, на пет кола до крајот на првенството, на првото место, има три бода повеќе од второпласираниот Баерн. Борусија ја брани титулата, а според многумина овој натпревар може да одлучи кој ќе биде шампион оваа сезона.

Вторник, 10.април: Аугзбург-Штутгарт, Херта-Фрајбург, Мајнц-Келн, Вердер-Борусија Менхенгладбах

Среда, 11.април: Баер Леверкузен-Кајзерслаутерн, Борусија Дортмунд-Баерн, Хановер-Волфзбург, Хофебхајм-Хамбургер, Нинберг-Шалке

Табела: Борусија Д. 66, Баерн 63, Шалке 57, Борусија М. 52, Штутгарт 43

“макфакс“
Ohridnews