Англиската премиер лига на крајот од сезоната ја сумираше заработката од телевизиските права. Таа е неверојатна и изнесува повеќе од милијарда евра.


Последнопласираниот КПР, кој се збогуваше од елитното друштво инкасираше 39 милиони евра, а очекувано најмногу заработи шампионот Манчестер Јунајтед 60 милиони.

Минатата година кога Челси ја освои Лигата на Шампиони заработи помалку од тимот на Блекпул, кој тогаш испадна од лигата.

Прескапите телевизиски права ја оставија македонска јавноста без можност да ужива во најквалитетната лига во светот.

Мх.П.