Најпрвин Полис Машин со 67-0 забележал победа над Бабајаро Гомба, а потоа Платеу Јунајтед го декласирал тимот на Акурбу со 79-0.
Овие четири екипи настапуваат во една од осумте аматерски лиги во Нигерија.
„Ова е вистински срам. Ги потврдивме резултатите, но ова е неприфатливо.
Раководството на лигата, најбрзо што може, ќе донесе одлука околу овие
резултати“, соопштиле од Фудбалскиот сојуз на Нигерија.
Намера на челниците на нигерискиот фудбал е да ги поништат резултатите и
да не им дозволат на овие екипи да преминат во повисок ранг на
натпревари.
„Не можеме да дозволиме вакви лажни екипи да играат во нашата лига.
Сепак раководството треба да ја донесе конечната одлука“, изјавиле од
Фудбалскиот сојуз на Нигерија.