Португалскиот ас Кристијано Роналдо беше во центар на внимание на градското дерби помеѓу Реал и Атлетико кое заврши во корист на “белите“ 2-0. Роналдо постигна фантастичен погодок од слободен удар, потоа имаше еден неуспешен дриблинг, а магична вечер ја заокружи со неверојатниот спринт.

Фудбалерот на “кралевите“ истрча 96 метри за десет секунди, време што неможат да го истрчаат ни спринтерите на 100 метри.